Алги (Algae) Алгите можат да живеат и на глечери (санта лед). За да опстојат доволни им се само вода и лед. Тие ги содржат речиси сите елементи од Менделеевата хемиска табела. Не можете да најдете растение со толку многу витамини и микроелементи. Тоа е така затоа што, минералната композиција која ја содржат е слична со составот на плазмата на клетката и нашата кожа не создава заштита против нивното влијание. Бенефициите од алгите Алгата е составен дел од луксузните колекции за нега на тело. Тие му помагаат на метаболизмот и се основна состојка на колекциите за нега на тело за зацврстување, антицелулит и слабеење и за нега на кожа. Екстрактот од алги може да најде во производите за нега на зрелата кожа затоа што ги содржат витамините на младоста: А, Е и фикоеритрин (витамин Б12) кои ја заштитуваат кожата. Алгите содржат поголемо количество на јод, затоа жените во текот на бременоста и медицинските лице не треба да употребуваат козметика која во составот содржи алги. |