Ние веруваме во природната убавина. Од самиот почеток на создавањето на компанијата веруваме дека природното е подобра од вештачкото. Инспирирани од едноставната убавина на шведската жена со употреба на природни состојки и материјали, нашата козметика е со стандардизиран висок квалитет веќе четири децении. Кога помислувате на Шведска не можете а да не мислите на нејзината зачудувачка природа. Со нејзините огромни површини на диви шуми и предели, чиста вода и небо, Шведска е совршен пример на незагадена земја. Нејзините силни климатски промени создадоа богатство од растенија и билки со извонредни квалитети и ефекти врз кожата. Затоа што мораат да ги преживеат темните и непријатни зими, многу растенија создаваат високо ниво на витамини и киселини. Природата секогаш била наш основен извор на инспирација и ние имаме големо чувство на нејзино респектирање. Токму употребата на рециклирачки материјали и залагањето за заштита на околината е она што постојано го потенцираме и горди сме што на тој начин можеме да помогнеме во одржувањето на убавините на природата. Нашето шведско потекло исто така ни беше инспирација при создавањето на производите и нивниот дизајн. Умерен, чист и елегантен. |