Веруваме дека корпорациите имаат исти морални одговорности како и индивидуалците. Етичките принципи и заштитата на природната средина од страна на Орифлеим ги опфаќа сите материјали и фабрички услови. Сакаме луѓето кои ги изработуваат нашите производи да не се подложени на никакви здравствени ризици како и да се добро наградени. Орифлеим има цврст став да не го злоупотребува детскиот труд. Нашиот респект кон природата се проширува на секоја област на нашата компанија. Никогаш не сме ниту ќе вршиме тестирања врз животни. Со години Орифлеим користи хартија што се рециклира и има долгогодишна политика на некористење на PVC. Се внимава и на трошоците на превозот. Орифлеим придонесува за заедницата, не само што овозможува финансиска можност преку дистрибутивниот метод, туку исто и преку добротворни програми на регионално и глобално ниво, како што е примерот со Светската фондација за заштита на децата Childhood и Livslust – двете под покровителство на Кралицата Силвија од Шведска. Постојано ја развиваме социјалната програма на поддршка со цел да бидеме уште подобри граѓани. Одбрана на правата на децата секое дете има право на детство, на сигурност, радост, игра и љубопитност за животот. Секое дете има право да израсне и да се развие социјално и интелектуално. Но многу деца ги немаат овие основни права. Токму затоа Орифлеим помогна да се основа Светската детска фондација (World Childhood Foundation). Преку неа ние допираме до најзагрозените деца во светот: децата од улиците, сексуално искористуваните деца и децата во поправните домови. Заедно, промовираме проекти за девојчиња и млади мајки. Орифлеим ја поддржува Светската детска фондација на повеќе начини. Освен тоа што придонесовме за нејзиното формирање, ние исто така спонзорираме различни проекти на пазарите каде што сме присутни. Моментно. Орифлеим дава голема поддршка на проекти кои им помагаат на децата во Естонија, Литванија, Летонија, Русија и Полска. Со избирањето на Орифлеим, вие придонесувате - и ни овозможувате да помагаме уште повеќе. Дознајте повеќе за Светската детска фондација на www.childhood.org Да се донесе надеж таму каде што ја нема Ливслуст (Livslust) е посебно школо. Тоа дава надеж за иднината и овозможува едукација и социјална рехабилитација за тинејџерите со проблеми во Летонија. Повечето од овие тинејџери ги поминале своите животи во едукациски институции и сиротилишта. Пред да дојдат во училиштето, тие имаа мала надеж и малкумина од нив поседуваа вештини потребни за градење на добар и сигурен живот. Ливслуст е формиран 1994. Студентите учат предмети како Англиски јазик, математика и социјални вештини со практична изведба во конструкција, шиење, агрокултура, компјутери, готвеше и дрвенарија. Со учењето на овие предмети, тие создаваат основа за своја подобра иднина. Ливслуст школата е финансирана од донации од спонзори и Орифлеим е активен донатор од самиот почеток. |